вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев до Царовска: Испечатете нови учебници и купете нови компјутери за децата

Ѓорчев до Царовска: Испечатете нови учебници и купете нови компјутери за децата

Учебната година во Македонија започнува со хаос како никогаш досега во македонската историја! Срамота е децата да учат од стари распарталени учебници испечатени пред 6, 7 или 8 години од владата на ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната пресконференција, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Министерке Царовска испечатете учебници за децата да имаат од што да учат. Министерке Царовска со вашето фијаско за прв пат во историјата на Македонија свидетелства се делат во септември, а не во јуни. Министерке Царовска имаме огромен удар врз родителите затоа што треба да плаќаат и да набавуваат компјутери за децата, затоа што треба државата да им ги плати и државата да им ги набави. Министерке Царовска поднесете си оставка! Доста од вашите експерименти, доста од вашето фијаско, доста од вашиот дебакл врз грбот на учениците и родителите во цела Македонија, истакна Ѓорчев.

Најнови вести