петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев до Локвенец: Ви пречи акцентот за Вашето презиме, а менувате ИМЕ на држава без око да Ви трепне? (ВИДЕО)

Ѓорчев до Локвенец: Ви пречи акцентот за Вашето презиме, а менувате ИМЕ на држава без око да Ви трепне? (ВИДЕО)

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук профил објави видео од делот за името од ТВ дуелот во емисијата „Само вистина“ во која тој го запраша Хари Локвенец како е можно да му пречи акцентирањето на неговото презиме, а не му пречи што менува име на државата.

Господине Локвенец, Вие се буните за АКЦЕНТОТ на Вашето презиме, а НЕ Ви пречи што менувате ИМЕ на државата? Прекрстувате ДРЖАВА со 2 милиони граѓани и око НЕ ви трепнува? Референдумот пропадна, народот го сака уставното име Република Македонија.

Најнови вести