понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев до Минов: Оваа Комисија не е Ваша сопственост, Вие сте тука претседавач кој е должен да дава збор и толку

Ѓорчев до Минов: Оваа Комисија не е Ваша сопственост, Вие сте тука претседавач кој е должен да дава збор и толку

Пратеникот Влатко Ѓорчев на денешната седница го предупреди пратеникот Панчо Минов за неговото некултурно упаѓање во збор на колеги и колешки за време на дискусија.

– Господине Минов, имам забелешка кон Вас како претседавач на оваа седница и сакам да ве предупредам да не упаѓате во збор на нашите пратенички пет пати по ред. Пратеничката Весна Пемова има право што сака да каже, како сака да каже во делот на дискусијата за Буџетот. Оваа Комисија не е Ваша сопственост, Вие сте тука претседавач кој е должен да дава збор и толку.

Ѓорчев го замоли претседавачот Минов да ја води седницата регуларно согласно Деловникот, а да не ја злоупотребува повлеченоста и ненаметливоста на пратеничката Весна Пемова и на другите колешки. Тој го замоли за почит кон колегите и го предупреди дека на секоја таква неправилност, колегите пратеници ќе реагираат.

Најнови вести