сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев до Петров: Инфлацијата галопира, имаме економска и енергетска катастрофа

Ѓорчев до Петров: Инфлацијата галопира, имаме економска и енергетска катастрофа

Проблемот е што власта знае дека жестоко ќе биде поразена, вели Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија и токму поради тоа бега од предвремени парламентарни избори.

Ѓорчев истакна дека се потреби предвремени парламентарни избори бидејќи секој измина ден со владата на СДСМ е штета за Македонија и граѓаните.

-Секој изминат ден е штета за Македонија со оваа влада. Значи ние имаме 10.000 мртви, значи најголема смртност, еден автобус дневно губиме луѓе, ја плаќаме неспособноста на власта. Значи последни добивме вакцини, најмал економски раст на Балканот, стануваме најсиромашна држава во Европа, најголема задолженост. Значи по сите можни основи ние имаме катастрофа, потенцираѓе Ѓорчев.

Според него државата се наоѓа во економска и енергетска катастрофа, укажувајќи дека цените секојдневно растат.

-Македонија се наоѓа во економска катастрофа, во инфлација која што галопира, цените одат нагоре секој ден без разлика дали станува збор за храна или гориво. Имаме најнеуспешна влада и ни е потребно нова влада која што ќе донесе нови странски инвестиции, рече Ѓорчев.

Оваа енергетска криза ќе не чини 500 милиони евра, ЕЛЕМ и МЕПСО беа најуспешни компании, а сега се загубари, заклучи тој.

Најнови вести