петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев до СДСМ: Наместо да потрошите 50 милиони денари за весниците, решете го акутниот проблем со јаболката

Ѓорчев до СДСМ: Наместо да потрошите 50 милиони денари за весниците, решете го акутниот проблем со јаболката

На денешната расправа за отпис на долгови пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев постави едно прашање до пратениците кои беа во Собрание односно до поранешните опозиционери, а сега во владата на Зоран Заев, а тоа е: Како ќе реагиравте ако претходната влада доставеше ваков предлог? Доколку претходната влада доставеше ваков предлог, ќе се јавеа 10, 20, 30 опозициски пратеници на кои координатор тогаш им бил Горан Сугаревски и тие ќе фрлеа дрвја, камења по овој предлог.

Тој уште упати прашање до тие пратеници кои ќе бидат критериумите за да се состави програмата, и дали програмата ќе биде составена онака како што му одговара на СДСМ и медиумите блиску до нив?

Горчев додаде дека голем проблем што владата има Министерство за вистина, министерство за вистина во владата којашто требаше да биде редуцирана како што порачуваше Шеќеринска од 26 министри на 20, па сега имаме влада со најмногу министри.

-Сега таа истата влада има министер без ресор, Роберт Поповски, нели независен новинар, непартиски кадара во здружението на новинари на Република Македонија кој сега ни е министер за комуникации, отчетност и транспаретност, истакна Ѓорчев.

Пратеникот Ѓорчев додаде дека сега овие 28 министри треба да си го оправдат своето битисување, да го оправдат своето постоење, треба да излезат со легислатива и ќе речат дека предлагаат да потрошат 50 милиони денари до Нова година, тие пари ќе се дадат до весниците, и тие весници после ќе треба да ја фалат владата.

Тој на крајот од своето обраќање го спомна и проблемот со јаболкиите во Преспа, каде има тони јаболки кои скапуваат, и токму со тие пари кои сега владата ги доделува можеше да се помогне на илјадници, илјадници луѓе кои се занимаваат со прозиводство и одгледување на јаболка.

Најнови вести