четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Доаѓа време кога треба да се менуваат таблите каде пишува Република Македонија, не ги фрлајте и дајте ни ги нам, ние ќе ги чуваме

Ѓорчев: Доаѓа време кога треба да се менуваат таблите каде пишува Република Македонија, не ги фрлајте и дајте ни ги нам, ние ќе ги чуваме

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев од собраниската говорница на при денешната интерпелација на министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги потсети своите колеги што впрочем значат уставните измени кои власта спротивно на волјата на граѓаните ги спроведе.

Тој вели дека ќе дојде време кога таблите и ознаките секаде каде што пишува Република Македонија ќе треба да се менуваат. Ѓорчев замоли старите табли да не се фрлаат и да бидат дадени на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

-Почитувани колеги пратеници од Владата на СДСМ, министри од редовите на Владата на Зоран Заев и СДСМ би сакал да ве замолам денот кога  ќе дојде време да ја вадите таблата во ова Собрание каде што пишува Собрание на Република Македонија да не ги фрлате тие табли, дајте ни ги нас ќе ги чуваме. Ќе ги чуваме на нашите покриви, ќе ги чуваме во нашите подруми, вели Ѓорчев.

Најнови вести