вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Економијата во Македонија е во слободен пад и се влошуваат сите економски индикатори

Ѓорчев: Економијата во Македонија е во слободен пад и се влошуваат сите економски индикатори

Економијата ни е во слободен пад, Македонија од земја пример за економија, која што беше во врвот на Дуинг Бизнис, сега и се влошуваат сите економски индикатори, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

– Се зголемува долгот. Во еден ден оваа влада, пред две недели се задолжи за 500 милиони евра. Тоа се 250 евра по човек, тоа значи дека едно четиричлено семејство е задолжено 1000 евра, кои што ќе треба да ги враќаат со камата, истакна Ѓорчев.

Тој додава дека нема најава за ниту една фабрика во Република Македонија, акцизата се зголемува за 3,5 денари, посочувајќи дека Тевдовски и Заев никогаш претходно не најавија дека ќе има зголемување на акцизата заради што дизелот од 46 се качи на 60 денари.

– Ветија дека ќе го исчистат воздухот, а Скопје никогаш не било позагадено. Скопје е меѓу најзагадените градови во светот, еднакво загадено како Калкута со 15 милиони жители. А ветувањето им беше дека ќе донесат чист воздух, потенцира Ѓорчев.

Ѓорчев потенцираше дека мерка е да се донесат 300 нови автобуси кои помалку ќе загадуваат како  што тоа го направил претходниот градоначалник Коце Трајановски.

Обраќајќи се до потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, Ѓорчев вели дека за 8 месеци на власт една бандера немаат ставено, а ветувале брда и долини,  дури и во секоја втора куќа вработување.

– Македонија со оваа гарнитура ќе има полошо здравство, полоша економија затоа што немаме ниту еден асален министер за странски инвестиции, а нели ќе имавмe инвестиции од Гугл и Фејсбук кои што ќе дојдеа тука. Нема да напредок во економијата. Луѓето се секој ден се повеќе и повеќе разочарани од оваа влада. Луѓето се секој ден незадоволни затоа што гледаат дека не растат пензиите, не растат платите, додаде Ѓорчев.

Најнови вести