среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев и Муцунски се сретнаа со Европратеничката Валсман

Ѓорчев и Муцунски се сретнаа со Европратеничката Валсман

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и Меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остварија работна средба со Европратеничката, Марион Валсман од ЦДУ. Валсман е Потпретседател на Комисијата за правни работи на Европскиот парламент и член на Делегацијата на ЕП за Македонија.

-На средбата се дискутираше за актуелната политичка состојба во нашата земја. Ѓорчев и Муцунски нагласија дека систематската непочит кон владеењето на правото создава неодржлива состојба со негативни импликации за иднината на нашата земја. Соговорниците се согласија дека се потребни понатамошни реформи кои ќе бидат опипливи во правосудниот систем. Ѓорчев и Муцунски потенцираа дека распространетата корупција мора да биде сузбиена преку градење на силни институции кои ќе и помогнат на Македонија на нејзиниот пат кон членство во Европската унија, информираат од партијата.

Соговорниците дискутираа за парламентарните избори на 12 април и се согласија дека политичките договори кои се постигнати со консензус мора да се почитуваат.

Најнови вести