сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев и Попов: Младите се силно мотивирани, промените мора да се случат

Ѓорчев и Попов: Младите се силно мотивирани, промените мора да се случат

Влатко Ѓорчев, долгогодишен пратеник и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, а сега член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска се обрати на семинар во организација на шведската фондација Јарл Хамерсон и шведската сестринска партија Модератерна, и УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на тема кампањи и меѓународни односи.

Ѓорчев потенцираше дека во делот на меѓународните односи во делот на ВМРО-ДПМНЕ фундаментално е да се знае за европската народна партија (ЕПП) и меѓународната демократска унија ( ИДУ ), и двете сестрински организации се најголемите политички организации, едната во светот, другата во Европа.

Ѓорчев потенцираше дека ЕПП убедливо има повеќе пратеници од социјалистите. Тој во своето предавање се осврна на историјата на ЕПП и сестринските партии.

Тој кажа дека сите кои што живеат во Македонија и во 21 век имаат свои идеали, политички цели итн кои преку политичка борба сакаме да ги постигнеме, а тоа се вечните идеали на Илинденците. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за македонските идеали и тоа никогаш нема да престане да го прави.

Ѓорчев потенцираше дека за политиката е важна тимска работа.

На семинарот се обрати и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

-Почитувани претставници на Јарл Хамерсон фондацијата, почитуван претседатели, Мицкоски, почитувани гости, огромна чест ми е да се обратам пред вас како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме најголемата и најдобро организирана младинска во Македонија и опфаќаме млади од 18 до 29 години, што не прави вистински репрезент на младите, рече Попов.

Тој дополни дека еден од неговите приоритети е борба со големиот број на предизвици кои се испречени пред неговата генерација, и дека тие не смеат  да бегаат од предизвиците, и дека тој строго верува дека промените мора и ќе дојдат во нашата држава.

Попов заклучи дека како младинска организација, тие строго веруваат во европските вредности и се борат за истите.

Најнови вести