четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Младите си заминуваат од Република Македонија поради лошите политики кои ги спроведува СДСМ, поради несигурноста и неперспективноста

Ѓорчев: Младите си заминуваат од Република Македонија поради лошите политики кои ги спроведува СДСМ, поради несигурноста и неперспективноста

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев се осврна и обрзаложи во однос на предлог законот за изменување на законот за евиденција од областа на трудот. Тој образложи неколку податоци и информации во врска со евиденцијата на трудот како и вработените во Република Македонија.

Ѓорчев информираше дека на средбата која што вчера се случила со германскиот заменик амбасадор Ото Граф, биле споделени фрапантни информации кои јасно покажувале колку е алармантна состојбата во Република Македонија. Впрочем во 2019 година во Германија биле издадени 10.000 работни дозволи за македонци кои одлучиле својот живот да го бараат некаде надвор од Република Македонија и таму да заработуваат за своите семејства.

-Република Македонија е станата држава на старци, држава која се помалку поседува млад потенцијал. За жал изминатите 3-4 години бројот на иселување рапидно расте и градовите и селата се останати празни. Ако 10.000 работници заминале да работат во Германија во 2019, замислете уште колку студенти, разочарани млади луѓе се заминати во Германија и општо низ целиот свет. Ова е жално, се случува страшна миграција која ја опустоши Македонија поради неискрени политичари, поради криминалите кои се случуваат во државата, истакна Ѓорчев.

Во Република Македонија секогаш постоеле семејства кои работеле по белиот свет, обично тоа биле занаетчии кои тука немале шанса за заработка. Но, оваа голема миграција која се повеќе расте од ден во ден е најстрашното нешто што и се случува на Република Македонија. Државата ни останува без младите луѓе, без оние кои треба да ја водат во иднина и да бидат главниот двигател, заврши Ѓорчев.

Најнови вести