Пратеникот Владимир Ѓорчев беше говорник на трибина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Пред студентите на правниот факултет Ѓорчев зборуваше за функциониеањето на Собранието, за собраниските процедури, како и за работата и функцијата пратеник, заедно со екс пратеничката на СДСМ, Билјана Казанџиска.
Според Ѓорчев, секој пратеник е поединец и самиот одговора за излагањата и позициите во Собранието, а на крајот граѓаните го имаат последниот збор и тие ги избираат нив.
„Секој пратеник е поединец за себе и секој едноставно одговара за своите позиции, за своите залагања, а на крајот на краиштата граѓаните го имаат последниот збор, тие се врховниот арбитар“, рече Ѓорчев.
Студентите од штипскиот универзитет ја искористија можноста за поставување на бројни прашања до Ѓорчев и Казанџиска, кои ги пренесоа искуствата од прва рака од собраниските процедури и активност.
На крајот, пратеникот Ѓорчев се заблагодари за вниманието и присуството до студентите од Штип, Пробиштип, Делчево и другите општини од источна Македонија.
Во изјавата за локалните ТВ Ирис и ТВ Стар Ѓорчев нагласи дека младите се иднината на Македонија, а дека државата мора да го направи максимумот за да ги задржи младите тука.
Универзитетот Гоце Делчев е меѓу најважните и клучни институции за источна Македонија и дека секоја година се докажува оправданоста на неговото формирање и постоење од 2007 година, а поддршката кон овој Универзитет мора продолжи и да се засилува.