Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија смета дека треба да се подобрат критериумите за избор на премиер и министри, укажувајќи дека овој владин состав е најслаб во историјата на Македонија, а државата ја водат анонимуси без легитимитет даде од страна на граѓаните.
-Пола јавност не ги знае половина од министрите. Следам политика, гледам вести и не им ги знам имињата на министрите. Очи не сме им виделе. Изборот е правен во мали тесни кругови, вели Ѓорчев.
Според него, изборот за праќање на Бесмира Ејупи како конзул во Њујорк е грешка, додавајќи дека Њујорк е седиште на светската дипломатија.
-Не може да пратиме почетник во Њујорк, кој е седиште на светската дипломатија. Ваквото именување е навика кај нас, оценува Ѓорчев.
Во однос на обвинувањата од страна на Андреј Петров за градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска дека води дневна политика а не реализира проекти, Ѓорчев посочи дека за разлика од премиерот Димитар Ковачевски, Арсовска ја бираа 120.000 скопјани легитимно на избори пред само 4 месеци, а Ковачевски е препорачан и назначен од Зоран Заев.
-Има огромна разлика помеѓу Данела Арсовска и Димитар Ковачевски – Таче, затоа што пред три, четири месеци ја бираа 120.000 граѓани на Скопје, за Димитар Ковачевски никој не се произнесе освен тоа што Зоран Заев го препорача и сега тој ни е премиер, и оваа влада личи како на владата на Владо Бучковски во 2005 година привремена влада за која сите знаеме дека е неодржлива, ќе падне и нема да победи на избори, дециден е Ѓорчев.