понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Поминаа две години од лагата на Заев со раката на срце за рестартирање на Југохром

Ѓорчев: Поминаа две години од лагата на Заев со раката на срце за рестартирање на Југохром

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет се обрати и пратеникот Владимир Ѓорчев кој истакна дека случајот „Југохром“ е најдобар доказ дека се што СДСМ вети излажа.

Би сакал да направам една кратка дигресија, а тоа е дека пратениците на власта, пратениците од мнозинството, пратениците од парламентарното мнозинство кое што го има СДСМ на Зоран Заев го спомнуваат „Југохром“. Би сакал да констатирам дека сега овој месец се навршуваат две долги години од ветувањата и гаранцијата на Зоран Заев дека „Југохром“ ќе биде најдоцна до април-мај 2018 година отворен, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев појасни дека поминаа 18 месеци, година ипол од тој краен рок кој што го вети Зоран Заев дека „Југохром“ ќе биде отворен. Но абер нема отворање луѓето се иселуваат, луѓето си заминуваат. Трпи локалната економија во општината Јегуновце, трпи и економијата во Тетовско, трпат семејствата и народот.

Во случајот на „Југохром“ имаме повторување и потврдување на она што со години, со месеци го кажуваме, а сега цела Македонија го констатира, а тоа е дека за Зоран Заев не може да зборуваме дека „зборот е збор“, туку „лагата е лага“.

Најнови вести