Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денеска беше во посета на беровскиот и кривопаланечкиот крај.
-Денес бев во Берово, Ратево, Ранковце и Мождивњак (Крива Паланка).
Во Ратево (Беровско) присуствував на карневалот што се одржува веќе 500 години. Македонскиот народ ги негува своите традиции, а тоа покажува дека нашите корења се длабоки.
Во Мождивњак (Крива Паланка) се одбележуваше Св. Јован Крстител и присуствуваа повеќе стотици граѓани.
Во Ранковце дадов интервју за порталот Dnevno.mk со силна критика за Владата на Зоран Заев и СДСМ.
Народот си ја сака државата. Ќе победиме. Да живее Македонија!, напиша Ѓорчев на својот Фејсбук профил.