среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев се сретна со Брајан Џек, политички директор на Белата куќа на претседателот на САД Доналд Трамп

Ѓорчев се сретна со Брајан Џек, политички директор на Белата куќа на претседателот на САД Доналд Трамп

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев оствари средба со Брајан Џек, политички директор на Белата куќа на претседателот на САД Доналд Трамп.

-Срдечна средба и разговор со Брајан Џек (Brian Jack), директор за политички прашања во The White House на претседателот на САД Donald J. Trump.

Важна, висока и одговорна функција во Белата куќа. Претходно беше специјален помошник на претседателот Трамп.

Имаше одлично обраќање пред делегатите на ИДУ во Вашингтон пред сестринските партии со Републиканската партија на САД.

Односите со САД се меѓу приоритетите на нашата надворешна политика. Силно ќе го развиваме пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД, напиша Ѓорчев на Фејсбук.

Најнови вести