недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев се сретна со сенаторот Јанг и лидерите на Републиканците во Конгресот Кевин Мекарти и Лиз Чејни

Ѓорчев се сретна со сенаторот Јанг и лидерите на Републиканците во Конгресот Кевин Мекарти и Лиз Чејни

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев за време на посетата во Вашингтон, САД, во рамки на форумот на Интернационалната демократска унија оствари средби со сенаторот Тод Јанг, член на комитетот за надворешни работи, како и лидерите на Републиканците во Конгресот, Кевин Мекарти и Лиз Чејни.

На средбата со Сенаторот Тод Јанг кој е докажан пријател на Македонија се разговараше за актуелната политичка состојба во државата како и македонската евроатланска интеграција.

Сенаторот Јанг, изрази силна поддршка на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ при што беше истакнато дека Македонија мора да продолжи да гради силни пријателства во најважните места на светската политика, потенцираше Ѓорчев.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на средбата со Конгресменот, Кевин Мекарти разговараше за стратешкото сојузништво помеѓу Македонија и САД кое е потпишано уште во 2008 година.

Ѓорчев истакна дека земјава има силни пријатели на надворешната политичка сцена, а односите со САД се меѓу приоритетите и клучни на македонската надворешна политика.

На средбата со конгресменката Лиз Чејни која е експерт за безбедност и одбрана беше афирмирана соработката меѓу Македонија и САД, особено во делот на одбраната, како и нашето партнерство во рамките на НАТО.

Ѓорчев нагласи дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта после предвремените парламентарни избори, ќе се подобри македонската меѓународна положба и ќе се засилат билатералните односи помеѓу Македонија и САД.

Најнови вести