понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Секој мафијаш има фотки со премиерот и министрите, секој мафијаш има “стаж” во штабовите на СДСМ

Ѓорчев: Секој мафијаш има фотки со премиерот и министрите, секој мафијаш има “стаж” во штабовите на СДСМ

Секој мафијаш има фотки со премиерот и министрите. Секој мафијаш има “стаж” во штабовите на СДСМ, селфи, кампањи и слично, пишува Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува неговиот Фејсбук статус:

Мафијата и власта за 10 дена:

  1. Мафијаш со џип на Стража – 1 мртов.
  1. Пола МВР ја покрива шкодата на Водно.
  1. Потерница за мафијаш од Црна Гора со пасош од Драчево.
  1. Закон за марихуана со ЕУ знаменце. Мафијашите аплаудираат од Авганистан, преку Балканот, до Колумбија. Буквално.
  1. Друг мафијаш пуштен од затвор.
  1. Австрија бара екстрадиција на екипа од МНР за операција во Ерменија.
  1. Бизнисмен постира на Фејсбук дека градоначалник на СДСМ му барал 100.000 евра.
  1. Активист на СДСМ сведочи дека градоначалникот му барал пари за вработување.
  1. Колата на функционер на СДСМ ја симнуваат од пајак. Нема казна.
  1. Градоначалник – дивоградба.

Секој мафијаш има фотки со премиерот и министрите. Секој мафијаш има “стаж” во штабовите на СДСМ, селфи, кампањи и слично.

Плус, 300 мртви од ковид за 10 дена. Најголема смртност на светот.

Ер тракторите ги сервисираа?

Шарени, задоволни сте? За ова се боревте? Нема правда, нема мир?!

 

Распад. Тотален распад. Ни треба нова Влада. Итно! Споделете.

Најнови вести