недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Со министрите кои ништо не работат правите партиски договор без мерливи резулати

Ѓорчев: Со министрите кои ништо не работат правите партиски договор без мерливи резулати

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев по повод предлогот за разрешување на двајцата министри без ресор кои доаѓаат од партијата на Ромите и од турската парија вели дека овој чин е политички партиски договор без мерливи резулати.

Според него никој не слушнал ниту еден збор за овие луѓе кои се министри во оваа влада.

-Граѓаните на овие луѓе им дале кабинети, помошници, секретари итн. Што овие двајца луѓе направиле? Почитувана јавност што е вистината. Премиерот вели добри се министрите, одлични се, ќе им се најде место, големи плати, кабинети. Пратениците кои се тука од турската и ромската партија велат незадоволни сме, нека си заминат ништо не направиле. Што е вистината. Кажете ни кои се коалиционите преговори кои се зад ова, истакна тој.

Ѓорчев дополни дека бројот на министри, на национални координатори, советници и нивни заменици е огромен и дека треба да дојде време да се повлече граница и да се каже дека е доста.

 

Најнови вести