Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествуваше на конференцијата на фондацијата “Конрад Аденауер” во Комо (Италија) посветена на европските вредности и актуелните состојби во Европа.
Во своите дискусии Ѓорчев се осврна на вкупните состојби во Македонија, катастрофалната економија, корупцијата, заробените институции и назадувањето на државата.
Ѓорчев беше панелист на темата за традиционалните медиуми, социјалните мрежи и современите трендови во информирањето на граѓаните.
На конференцијата имаше учесници од 20 европски земји, првенствено од нивните парламенти, водечките институти, ЕПП партиите итн.