Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев престојуваше во Молдавија каде што оствари предавања на три конференции за раководителите и активистите на Партијата за акција и солидарност (ПАС).
ПАС е партија членка на Европската народна партија (ЕПП), основана од претседателката на Молдавија Маја Санду и премиерката Наталија Гаврилица.
Ѓорчев одржа предавања пред раководителите и активистите на ПАС за односи со јавноста, комуникација и кампањи, како и осврт за важноста на европските интеграции.
Програмата е поддржана од фондацијата Јарл Хјармалсон, блиска од владејачката Модератерна партија од Шведска.