сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Владата на СДСМ и Заев мора итно да ја отповикаат одлуката за зголемување на цената на струјата

Ѓорчев: Владата на СДСМ и Заев мора итно да ја отповикаат одлуката за зголемување на цената на струјата

Влатко Ѓорчев, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето вклучување во телевизија Алфа зборуваше за протестот кој ВМРО-ДПМНЕ го организира поради поскапувањето на струјата и посочи дека се работи за тема која што е апсолутна релевантна за сите граѓани затоа што ги засега сите домаќинства, а исто така го засега и стопанството, индустријата, цените и состојбите во економијата. Според Ѓорчев тоа е тема за која сите се согласуваат дека не треба да има зголемување на цената на струјата и од таа причина ВМРО-ДПМНЕ бара од Владата на Зоран Заев итно да ја отповика одлуката за зголемување на цената на струјата.

-Македонија се соочува со рецесија, инфлацијата галопира, примањата стагнираат, цените одат нагоре. За разлика од сите други европски земји каде се намалува цената на струјата, каде има огромни пакети на помош и за граѓаните и за стопанството тука во Македонија за жал имаме ситуација каде што секојдневно преку струјата, преку давачките, преку горивото се удира по стандардот на граѓаните, истакна Ѓорчев.

Тој додаде дека владата ќе мора да ги послуша затоа што незадоволството во Македонија е огромно.

-Увидовме дека Македонија се наоѓа во најголемата рецесија во следните 30 години и никогаш македонската емисија не била вака девастирана како што е сега и сето тоа благодарение на Зоран Заев, Оливер Спасовски, Нина Ангеловска, Мила Царовска и така натаму.Се губат илјадници работни места, а она кое не очекува е навистина страшно, порача тој.

Најнови вести