среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Владата на Заев и Ковачевски го има дуплирано долгот на сите влади заедно од претходните 20 години наназад, тоа е безобразно

Ѓорчев: Владата на Заев и Ковачевски го има дуплирано долгот на сите влади заедно од претходните 20 години наназад, тоа е безобразно

Македонија со оваа власт го има највисокиот буџет во историјата или 5 милијарди и 300 милиони евра, а со ова ќе се исцеди од народот и стопанството. Пред 5-6 години коси корнеа и велеа дека буџет од 3 милијарди евра е преголем, а со тој буџет имаше реновирани болници, се градеа патишта. Сега 5,3 милијарди евра и нема ништо од капиталните инвестиции и се реализираа едвај 20 проценти од нив, рече Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа.

Тој дополни дека само за последниот месец секој граѓанин го задолжуваме за 700 евра. Оваа влада, укажа Ѓорчев, го има дуплирано долгот на сите влади од претходни 20 години наназад.

„Ваквото задолжување е безобразно. Формулата за економски напредок е јасна на Македонија и требаат одговорни луѓе и асален премиер и влада, влада која ќе постави и камен темелник и ќе пресече лента на завршен проект. Бројките се загрижувачки и ги чувствуваме преку цените, чаре е тоа што Македонија и треба премиер енергетичар таков е Христијан Мицкоски и влада која ќе испорача резултати. Ниедна држава не се развила со здолжување, тоа може да е привремен бајпас, но не може целата економска филозофија да биде задолжување, а кој ќе ги враќа парите ќе видиме еден ден. Дополнително 20 посто официјално е инфлацијата, неофицијално е многу поголема“, рече Ѓорчев.

Тој објасни дека ако некој има 400 или 500 евра плата и должи 6.000 евра, и на тоа да течат каматите е нереално. Никој, додаде тој, ако е одговорен не би си го задолжил семејството ако нема примања.

„Тоа води кон банкрот, таква е состојбата и во Македонија“, заклучи Ѓорчев.

Најнови вести