четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Власта сака да има тотална контрола врз движењата на народот

Ѓорчев: Власта сака да има тотална контрола врз движењата на народот

Власта со години ги следи граѓаните, евидентно е дека главната ативност на СДСМ е да малтретира луѓе преку оние тајни служби, полутајни служби да доаѓа на власт и потоа ништо да не прави, рече Владимир Ѓорчев во Отворено на Алфа Тв. Тој изјави дека сега со напредокот на технологијата инструментите се се поголеми и подостапни.

-Онаа апликација за која зборуваше вчера Момировски од штабот на кандидатката Сиљановска, навистина е загрижувачка, со таа апликација се контролира луѓето каде одат, каде се движат, микротатгетирање, кој е во нивна близина, што сурфаат на Интернет, како сурфаат, кога сурфаат, што лајкуваат – рече Ѓорчев.

Тој рече дека државата се наоѓа во една орвеловска состојба во која власта од СДСМ сака да има тотална контрола врз народот. Начинот на кој тој верува дека ќе се реши оваа ситуација е луѓето да одговорат зад параванот во приватноста на своето избирачко место, преку кутијата да им кажат големо „не“ на сдсм и да не им дадат доверба на овие претседателски избори.

-Непријатно е и срамота е преку апликации на мобилен власта да ги следи граѓаните. Врв на се е што вчера веднаш ја избришаа апликацијата. Тоа значи дека се виновни, посочи Ѓорчев.

Најнови вести