сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев во Бигорскиот манастир, Струмица, Тетово и Скопје: Честит Божиќ, Христос се роди! 

Ѓорчев во Бигорскиот манастир, Струмица, Тетово и Скопје: Честит Божиќ, Христос се роди! 

Пратеникот Влатко Ѓорчев по повод Бадник и Божиќ беше во Бигорскиот манастир, Струмица, Тетово и Скопје.

Во Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител Ѓорчев оствари средба со игуменот Архимамдритот Партениј и монасите, а потоа со повеќе стотици верници присуствуваше на бадниковата изведба на етно составот “Љубојна”.

Во Тетово Ѓорчев присуствуваше на концертот на хорот “Менада” во црквата Св. Кирил и Методиј, заедно со владиката Јосиф од Полошката тетовско – гостиварска епархија.

Истиот ден, пратеникот Ѓорчев ја посети црквата “Успение на Пресвета Богородица” во Струмица, посакувајќи им честит Божиќ на верниците.

Заедно со сопругата и децата Ѓорчев присуствуваше на Божиќниот концерт и претстава пред црквата Св. Димитрија во Скопје, како и пречекот на Бадниковата поворка во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје.

Ѓорчев им посака на верниците честит Божиќ, со желби за љубов, мир и здравје, со традиционалниот божиќен поздрав: Христос се роди!

Најнови вести