сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев во посета на Британскиот парламент, средби со повеќе парламентарците

Ѓорчев во посета на Британскиот парламент, средби со повеќе парламентарците

Пратеникот Влатко Ѓорчев деновиве престојува во официјална посета на Британскиот парламент, при што оствари средби со високи политички претставници.

Ѓорчев оствари средба  со Мартин Викерс, пратеник во Британскиот парламент, со Лордот Боунс, кој е потпретседател на Собранието на ОБСЕ, како и парламентарците Џон Витигдејл и Рос В.

На средбата пратеникот Ѓорчев ги информираше соговорниците за актуелната  состојба  во Република Македонија, незаконското работење, манипулациите и притисоците во врска со референдумска кампања.

Дополнително тој потенцира дека власта врши политички прогон, со што Република Македонија е единствена земја на европскиот континент во која има политички затвореници во затворите.

Ѓорчев истакна и дека кај граѓаните владее големо разочарување, бидејќи ништо од тоа што ветувала СДСМ не остварила.

На сите средби соговорниците го нагласија задоволството од добрите  билатерални односи помеѓу Република Македонија и Велика Британија. Тој се заблагодари за огромната и несебична поддршка која Велика Британија и ја пружа на Република Македонија од осамостојувањето до денес, дополнително тој кажа дека Велика Британија и е сериозен трговски партнер на Република Македонија и сериозен  инвеститор, нагласувајќи дека добрите односи треба да продолжат и во иднина.

Најнови вести