понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев во Вашингтон се сретна со конгресмените Хадсон, Шабот и Адерхолт

Ѓорчев во Вашингтон се сретна со конгресмените Хадсон, Шабот и Адерхолт

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ е во посета на Соединети Американски Држави.

Ѓорчев оствари повеќе билатерални средби. Тој се сретна и оствари разговор со Роберт Адерхолт, кој беше информиран за актуелните состојби и за претстојните парламентарни избори на 12-ти април.

Ѓорчев се сретна и со конгресменот Ричард Хадсон.

„Го информирав за актуелните состојбите во Македонија и зголемената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на претстојните избори на 12-ти април. Заедно се согласивме дека се потребни фер и демократски избори, со почитување на највисоките стандарди на ОБСЕ“, посочи Ѓорчев.

Позитивен состанок Ѓорчев имаше и со конгресменот Стив Шабот од Републиканска партија. Ѓорчев го информира за состојбите во Македонија, со особен осврт за зголемената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на претстојните избори на 12-ти април.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги гради и развива билатералните односи помеѓу Македонија и САД.

Најнови вести