четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Врање има 10 пати повеќе вакцинирани од цела Македонија

Ѓорчев: Врање има 10 пати повеќе вакцинирани од цела Македонија

„Во врска со вакцинацијата, факт е дека ние сме единствената држава во моментов во Европа без вакцини. Ние се сведовме на една кутија милостина“, нагласи Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во емисија на ТВ Стар.

Ѓорчев додаде дека во моментов додека тој говори во емисијата, српската премиерка објави дека синоќа Србија дојде до два милиони вакцинирани граѓани.

„Врање има 30.000 вакцинирани луѓе. Врање има 10 пати повеќе вакцинирани од цела Македонија. Србија и српските министри кои доаѓаа да учат како да привлекуваат странски инвестиции, како да ја реформираат нивната јавна управа, како да градат и да тераат економија, во Македонија, а сега Врање за нас е Шведска“, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека Албанија вчера дојде до бројката од 30.000 вакцинирани граѓани, а веќе се вакцинирани и здравствените работници. И денес Албанија стартува со вакцинирање на наставниот персонал, на војската и полицијата.

„Турција до сега помина 10 милиони вакцинирани граѓани. Турција веќе започнува и со вакцинирање на туристичките работници за тоа што сакаат да привлечат туристи“, појасни Ѓорчев.

Ѓорчев кажа дека додека во земјите во соседството буквално се отвораат пунктови дури и по селата за масовна вакцинација, во Македонија се умира како никогаш во последниве 70-тина години.

„Македонија ги живее најтешките моменти од Втората Светска Војна. Заради оваа Влада, овој премиер и овие министри граѓаните умираат“, нагласи Ѓорчев.

Најнови вести