среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Заев прв не би го поминал ветингот кој го наметнува

Ѓорчев: Заев прв не би го поминал ветингот кој го наметнува

Имаме премиер, Зоран Заев, којшто е аболициран за криминал. Аболициран од Бранко Црвенковски. За сите оние ветинзи коишто ги велите, вашиот претседател на партија и вашиот премиер, прв не би ги поминал, му рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на Дамјан Манчевски од СДСМ во „Отворено“ на 24 телевизија.

Во емисијата, Ѓорчев отворено потенцираше дека Зоран Заев е премиер уште две недели и дека треба да се подговува за заминување.

Според Ѓорчев, Заев постојано не ја говори вистината и на дневна основа ги менува ставовите, при што изјави дека на премиерот ниту може да му се верува, ниту со него може нешто да се договара. Тој рече дека СДСМ се бори било како Зоран Заев да преживее политички, а дека ќе оди во опозиција е јасно.

-Нема криминалец кој нема селфи со премиерот. Вратени сме 20 години наназад. Не знаеме кој кого во кој хотел ќе испука, на улица може да имаме мртви, загрижено изјави Ѓорчев.

Тој потенцираше дека СДСМ немаат право да зборуваат за демократија и народна волја, кога минатата година ја погазија народната волја на референдумот. Ѓорчев истакна дека во рекордно време се полнеле кутии од сега веќе главните партиски активисти на СДСМ и гласале рекорден број на гласачи во секунда. Ѓорчев истакна и дека СДСМ ваделе пратеници од затвор за да гласаат во Собрание.

-Да резимирам, имаме најскапа, најнеспособна, најлоша, со најмалку инвестиции Влада во историјата на Македонија. Имаме најголемо иселување од Македонија, имаме катастрофа која што ни се случува, имаме најзагаден воздух било кога во историјата на Македонија, а истовремено имаме луѓе со најмногу кабинети, со најмногу привилегии, директори, заменици и се останато, заклучи во „Отворено“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Најнови вести