среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Златко Марин е меѓу најслабите градоначалници во Македонија

Ѓорчев: Златко Марин е меѓу најслабите градоначалници во Македонија

На денешната седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

Тој кажа дека Златко Марин градоначалникот на Аеродром е меѓу најслабите градоначалници во Македонија но исто така спомна дека има мртва трка помеѓу него и другите градоначалници од СДСМ кои ги водат општините во кои се избрани.

– Да, Златко Марин е апсолутно меѓу најслабите градоначалници во Македонија но е мртва трка со Наташа Петровска од Битола, со Петре Шилегов од Скопје со градоначалникот на Ѓорче Петров и слично, кажа Ѓорчев.

Ѓорчев кажа дека градоначалниците од СДСМ се препознатливи само по нивното неработење и неспособност односно по нереализираните проекти од програмите кои ги ветија пред изборите.

Најнови вести