недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски: Градежниот инспекторат да излезе на терен и да ги земе во предвид укажувањата на граѓаните кои живеат во Кисела Вода

Ѓорѓиевски: Градежниот инспекторат да излезе на терен и да ги земе во предвид укажувањата на граѓаните кои живеат во Кисела Вода

„По барање на граѓаните кои живеат во соседните згради и во куќата наспроти мене, на ул. ,,Невена Георгиева – Дуња” во Кисела Вода и кои што посочуваат на низа недоследности односно, на ова место треба да никне 7 – катна зграда.
Точно зад мене, на местото каде што има зграда во која живеат околу 150 луѓе се наоѓа една ископана дупка која не е заштитена на никаков начин. Можете ли да ја замислите сериозноста за тоа во каква животна опасност може да се доведат луѓето кои живеат токму во оваа зграда доколку падне дожд?
Дополнително, со раскопувањето на оваа површина е одронат и дел од споредната уличка веднаш до куќите и може да предизвика свлечиште со што може да ги повлече и куќите, но и зградите во овој дел.
Имено, до петокот оваа фирма немаше одобрение за градба.
Сега, има закачено, но под крајно сомнителни околности бидејќи законски, откако ќе се добие одобрение, прво мора да има правосилност па дури потоа да се почне со градба што не е случај овде. Овде се работи 15 дена претходно.
Ова е уште еден класичен пример за криминалот на градежната мафија на чело со градоначалникот Темелковски.
Апелирам веднаш градежниот инспекторат да излезе на терен и да ги земе во предвид укажувањата на граѓаните кои живеат овде, но и на нас како советници.
Градежната мафија мора да запре!“

Фејсбук статус на Орце Ѓорѓиевски

Најнови вести