петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Го подучи ли камшикот на Траспаренси интернешнл, вицепремиерот Николовски да покаже политичка воља за сузбивање на корупцијата

Го подучи ли камшикот на Траспаренси интернешнл, вицепремиерот Николовски да покаже политичка воља за сузбивање на корупцијата

По објавувањето на индексот на перцепција на корупцијата за 2020 година на Транспаренси Интернешнл, што ја рангираше Македонија на 111 место, јавноста беше во шок, а власта се обидуваше да ги релативизира и дискредитира резултатите. Вицепремиерот за борба против корупцијата во државата Љупчо Николовски излезе и кажа дека тоа е само перцепција на граѓаните, инаку ситуацијата не е така лоша.

По оваа изјава на вицепремиерот, јавноста, медиумите и политичките партии уште пожестоко реагираа.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по ваквиот историски најлош резултат на Македонија побара оставка на целата Влада.

-Кога ги нареков мафија, многумина ми велеа зошто толку силни зборови употребувам. После ваков резултат, не е доволна оставка на министерот за правда, или министерот статист за борба против корупција, потребно е целата Влада да си замине, веднаш, изјави Мицкоски.

Но, Владата наместо комплентно да си даде оставка и да ја прифати вината за лошото рангирање на државата според Транспаренси, тие се обидоа со притисок да ја замолчат претседателката на Транпаренси интернешнл Слаѓана Тасева.

Насловните страници на поголемите печатени медиуми ден откако Индексот беше објавен, лиферуваа вести дека анонимна оф-шор компанија на Бахамите успеала во својата тужба за клевета против Тасева.

-Доколку ги видевте насловните страници на поголемите печатени медиуми ден откако Индексот беше објавен, ќе видевте поинаква приказна-вести дека анонимна оф-шор компанија на Бахамите успеала во својата тужба за клевета против мене лично. Два факти се истакнуваат. Медиумската агенција МИА која е во сопственост на државата ја објави информацијата за судската пресуда пред да биде јавно објавена на веб-страната на судот. Насловните страници на медиумските објави ниту споменаа дека се работи за првостепена пресуда, ниту го цитираа изворот на нивните информации, вели Тасева.

Покрај обидот да се дискредитираат резултатите на граѓанското општество во врска со ситуацијата со корупцијата во Македонија, јавноста го задржа вниманието на проблем кој што е значаен. Медиумското внимание во врска со Индексот за 2020 година беше како ниту едно претходно.

Во меѓу време дојде подршка и од претседателката на Транспаренси Интернешнл, Делија Фереира Рубио која изјави: „Обидот да се одвлече вниманието од резултатите од ИПК нема да ја промени реалноста за корупција во Македонија. Што на крајот доведе до епилог – средба помеѓу претседателката Тасева и првиот човек за борба против корупцијата Николовски, кој во меѓувреме се предомисли и покажа политичка воља за соработка.

-Иако е многу позитивен чекорот на владата да соработува со Транспаренси Интернешнл, ние се надеваме на поголем фокус од владата кон корупциските предизвици за Македонија, изјави Тасева.

Најнови вести