среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Голем град во Лозово и поплавени улици, подвозници и дворови во Тетово, нестабилноста со дожд и грмотевици продолжува

Голем град во Лозово и поплавени улици, подвозници и дворови во Тетово, нестабилноста со дожд и грмотевици продолжува

Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните на внимателност поради силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд. Од Центарот информираат за силен и голем град во Општина Лозово и дека во Тетово улиците, одредени подвозници и пониските дворови се речиси целосно поплавени, како и подрумите и приземјата на повеќе куќи. Град имаше и во Полошкиот регион, а силна нестабилност со грмотевици и дожд има и во скопско.

– Регионалниот центар за управување со кризи – РЦУК Тетово со дел од своите вработени е на терен и иницираше преку директен контакт со градоначалникот на Општина Тетово свикување на локалниот Главен штаб за управување со кризи на Општина Тетово. Инаку, на терен со пумпи за испумпување на водата од критични места и помош на граѓаните се излезени Територијалната противпожарна единица и од ДЗС Тетово, припадници од МВР за регулирање на сообраќајот особено таму каде не може да се помине под поплавени подвозници, информира ЦУК.

Нестабилна облачна маса е забележлива и во Скопската котлина, каде се очекува пороен дожд и грмежи, а краткотрајно се можни и поинтензивни просеци со град и силен ветер.

Од ЦУК наведуваат дела уште во претпладневните часови е забележана нестабилност во западните делови од земјава, најпрво во Охридско-Преспанскиот регион, а потоа интензивна линија на нестабилност се разви и се прошири од Полошкиот регион на југ се до Пелагонија.

Согласно информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ЦУК повторно превентивно апелира и препорачува на граѓаните во земјава да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови.
– Конкретно, концентрацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме. Постои голема можност да биде голема и опасна поројната вода по околината таму каде што ќе зафати обилниот локален дожд што се предвидува да падне во делови од земјава. Во населените места се препорачува внимателност при движење покрај висококатници, од коишто заради силен локален ветер е можно да паднат работи од зградите и делови од нивата конструкција, прозорци и покриви, апелира ЦУК.

До крајот на денот времето ќе биде нестабилно во поголем дел од земјата, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Најнови вести