Голем пожар беснее во овие моменти во беровско.
Станува збор за огнени јазици кои се шират во атарот на селата Мачево и Будинарци.
Според нашите сведоци таму, пожарот бил на 50 метри од првите куќи и во опасност се истите.
Пожарникарските екипи се на терен, а во справувањето со стихијата учествуваат и самите мештани.
Пожар во селата Мачево и Будинарци во Берово, огнот се приближува до куќите! pic.twitter.com/thZHTaxSXP
— Курир (@KurirMK) August 6, 2021