Голем пожар на отворен простор е пријавен над селото Мирковци на патот за селото Бродец, место викано Рамно во Општина Чучер Сандево.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека веднаш на терен излезени се екипите на БППЗ на Град Скопје.
-Поради комлексноста на состојбата и поради тоа што пожарот од едната страна е проширен кон високата дабова и букова шума од ридот, екипите се соочија со потешкотии при гаснењето на пожарот, при што беше неопходна поддршка од воздух. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов преку секторот за операции и координација во ЦУК веднаш покрена постапка за подигање на армиски хеликоптер. На просторот каде што избувна пожарот се наоѓаат и воени армиски објекти, кои со поддршка на припадниците на АРСМ успешно се локализирани, информира ЦУК.
Во моментов се очекуваат првите налети и дејствување од воздух. Согласно процедурите на ЦУК, искоординирани се и МВР, ДЗС и Шумско стопанство Караџица.