„Вината за спорот со Бугарија е наша, зошто влеговме неподготвени во дијалогот. Требаше да им ги знаеме нивните принципиелни ставови кон нас. Очекувам дека тие ќе бидат добронамерни, но не може да излезат од матрицата на Бугарската Академија на науките“, истакна Марјан Ѓорчев во вечерашното гостување во емисијата „24 Отворено“ на Телевизија 24.
Тој додаде дека оваа власт е на власт веќе 6 години и треба да понесе одговорност кон граѓаните за нивната работа.
Ѓорчев истакна дека во однос на Македонија новата Влада која е во Бугари нема да има промени, секој политички субјект таму ги има определено своите цели кон Македонија и знаеме со што се соочуваме.
„Бугарија си ги оствари своите цели со францускиот предлог таа јасно ги дефинираше и своите цели уште од 2011-та година кога не дадоа согласност за она што го добиваме како препорака од европската комисија“, кажа Ѓорчев.
Тој е дециден дека оваа власт во 2017-та година во рок од два месеци ги направи најкатастрофалните грешки со преговорите со Бугарија. Таа Влада го потпиша тој договор и ги прифати сите бугарски барања.