Курир направи интервју со потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Горан Ѓорѓиевски, а во истото тој говореше особено за новиот тим на ентјузиасти, односно на сериозни бизнисмени кои што сакаат да ја претворат во една институција која што ќе влијае на тековните економски процеси која што ќе може да предизвика поместување на многу значајни прашања, односно нивно претставување на јавноста во вистинска димензија со цел да се предизвика тие прашања квалитетно се решаваат.
-Ние веќе станавме деловна бизнис мрежа која што има сериозен импакт врз широките медиуми, односно која што во последната година артикулираше ставови што се исклучително важни и ние сметаме дека тие ставови мора да се гледаат и да се претстават на соодветен начин кои што ќе овозможи со вистински решенија да се дојде до напредок, раст на бизнисот и решавање на некој клучни теми во нашата држава, вели Ѓорѓиевски.
На прашањето со какви предизвици се соочува Сојузот на стопански комори, тој вели дека во последниве четири години се многу сериозни предизвиците кои што влијаат на работењето на самите компании.
-Како што знаете имавме целосно затворање на компаниите за време на корона кризата, следуваше растот на цените на суровините, енергетската криза, а во меѓувреме се случуваше и раст на инфлацијата која е многу голема во последните декати и практично е најголема во овој момент, вели тој.
Ѓорѓиевски вели дека е оптимист и дека во иднина очекува соодветни високи економски бројки на раст…
Целиот разговор со потпретседателот на ССК погледнете го во продолжение: