Гори депонијата во струмичко кај Добрашинци, испуштајќи отровен чад и штетни канцерогени честички во околината.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како од депонијата се испушта црн чад во воздухот. Граѓаните се жалат на отежнато дишење и смрдеа која со недели се шири.
Веќе подолг период Струмица е еден од најзгадените градови во Македонија, а како што може да видиме надлежните од власта не го решаваат проблемот со големите загадувачи.
Депонијата кај Добрашинци не е прв пат да гори, ова е честа појава. Депонијата гореше во септември годинава, а исто така граѓаните сведочат како гореше и минатата година.
На депонијата кај Добрашинци се одлага отпад и смет од општините Струмица и Василево.
??ГОРИ ДЕПОНИЈАТА ВО ДОБРАШИНЦИ (струмичко)?? pic.twitter.com/d4hpyrX4so
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) December 5, 2019
Извор: Вечер