петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гори силен оган, но пожарот е под делумна контрола: Пожарникарите уште гаснат во Ајватовци, ако не изгаснат утре ќе се активираат хеликоптери

Гори силен оган, но пожарот е под делумна контрола: Пожарникарите уште гаснат во Ајватовци, ако не изгаснат утре ќе се активираат хеликоптери

Пожарот над Ајватовци е се уште активен иако е ставен под делумна контрола.

Главната линија на пожарот е на исток во однос на Ајватовци.

-Силен оган гори на најмалку два крака, гори и зимзелена шума. Пожарникарите ќе се обидат едниот дел од пожарот да го стопираат вечерва. Ако не биде ставен под контрола рано наутро ќе се активираат хеликоптери на МВР и Ер тракторите на ДЗС, информира првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Пожарот над Ајватовци долго време беше надвор од контрола. Зафатена е поголема површина од најмалку 30-тина хектари од кои поголемиот дел е зимзелена шума.

 

Најнови вести