недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Градоначалниците од ДУИ и СДСМ камен на камен не ставија после локалните избори- ветувањата останаа мртво слово на хартија“

„Градоначалниците од ДУИ и СДСМ камен на камен не ставија после локалните избори- ветувањата останаа мртво слово на хартија“

Градоначалниците на ДУИ и СДСМ камен на камен немаат ставено. Поминаа локалните избори, поминаа и 100 дена, а градоначалниците од ДУИ и СДСМ ништо не работат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во Кичево градоначалникот на СДСМ и ДУИ ветуваше изградба на улицата Борис Кидриќ од болницата до обиколница Скопје-Охрид до крајот на 2021 –ва и ништо не направи. Си постави рок дека ќе ја заврши и улица „Ужичка“ до крајот на 2021-ва и како што поминаа изборите, така ја остави целата раскопана. Останаа нечепнати ниту проектите за изградба на патот кој ги поврзува селата Грешница и Длапкин Дол и реконструкцијата на градскиот плоштад, на кои после изборите нема никакви активности.

Во Крушево пак, градоначалникот Томе Христоски ветуваше брда и долини, ама по завршувањето на изборите до сега нема со прст мрднато. Не постави подземни контејнери, ниту пак набави камион за отпад , ниту има контејнери во населените места. Не е отпочната долгонајавуваната доградба на инфраструктурата и проширување на индустриската зона Опаленик. За жал, не е отпочнат ниту проектот за зафаќање на нови извори за водоснабдување на Крушево, како и проектот за Систем за далечинска контрола и мониторинг на потрошувачката на вода за пиење, подвлекуваат од партијата и додаваат:

„Дека нема никакви активности на градоначалниците на ДУИ и СДСМ пример е и општина Дебар. Таму ДУИ и СДСМ ветуваа паркинг во Горно Косоврасти и асфалтирање на пат во село Отишани. Ниту е почната изградба, ниту пак некој слушнал за некакви активности. И тоа што го почнаа го оставија на половина, како што е изградбата на локалниот пат од мостот на влезот до центарот на село Долно Косоврасти. Очигледно дека на СДСМ и ДУИ им беше битно да поминат изборите и после сите ветувања ги оставија само на хартија.

Ете така функционира мафијашката власт на ДУИ и СДСМ. Ветувањата им се лажни и остануваат само мртво слово на хартија“.

Најнови вести