Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев рече дека противпожарната единица успеала да го стави пожарот под контрола.
-Две куќи се изгорени, но за среќа се успеа да се спречи ширењето кон централното градско подрачје, рече градоначалникот Илијев, кој додаде дека од сите околни општини и од градот Скопје пристигнала помош.
Им порачана граѓаните на Кочани да бидат спокојни.