Се уште нема одговор од власта и институциите, зошто се дадени рекордни пари за тендери за лиценци, во три години, 15 па 25 милиони евра, за една иста услуга? Дали причината се колегијалните односи, помеѓу Ковачевски со Марко Андонов од Аитоникс, кој во тоа време бил колега на Ковачевски, тогаш министер, а сега премиер? – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во 2021-ва година Андонов, колегата на Ковачевски, владата го прифатила за конзул на Грузија во Македонија и притоа му отвора конзулат. Како е можно во нормална држава, на странски дипломати, да се доделува ваков тип на договори, односно лиценци за програми, кои треба да овозможат и безбедност? Може власта да ги крие одговорите пред јавноста, но не за долго. Одговорност ќе има веднаш, по формирањето на новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, порачуваат од партијата.