Министерството за внатрешни работи, по низата трагедии кои се случија изминатиов периот, синоќа конечно се огласи и тоа со статус на социјалните мрежи.
-Целосно ги демантираме лагите и измислиците што неодговорни поединци ги шират по социјалните мрежи со цел да предизвикаат паника кај граѓаните. МВР ја гарантира безбедноста на граѓаните! Апсолутна лага е дека имало некакво вадење на органи или некакви слични дезинформации. Апелираме до медиумите и јавноста да се повикуваат на официјалните податоци на институциите и да се воздржат од шпекулации што можат да ја вознемират јавноста. Статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94% . Апелираме уште еднаш за воздржување од шпекулации кои неосновано ја вознемируваат јавноста.За оние пак кои со очигледна намера ја вознемируваат јавноста, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законите, напишаа вчера од МВР.
Граѓаните чекајќи детални информации за трагедиите и неажурноста на МВР, кога се соочија со овој статус, станаа уште погневни.
Тие коментираат дека МВР мора да излезе со конкретни информации, за секој случај поединечно.
Дел од нивните коментари, со кои јавно го искажуваат гневот кон МВР, ви ги пренесуваме во продолжение: