“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Република Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 годиниа.
Во теренското истражување на територија на општина Ѓорче Петров репрезентативен примерот од 614 испитаници. Во теренското истражување на територијата на општина Штип на репрезентативен примерок од 621 испитаници.
Во овие две општини, Ѓорче Петров и Штип, најголема доверба кај граѓаните ужуваат кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
Александар Стојкоски ќе добие најмногу гласови на изборите, покажаа резултатите од анкетата. За него се изјасниле дека ќе гласаат 25,1% од испитаниците.
За неговиот противкандидат, Александар Наумоски од СДСМ довербата ја дале 19,6%.
Иван Јорданов е кандидат за градоначалник на Штип, од ВМРО-ДПМНЕ. За него се изјасниле дека ќе гласаат 23,4% од испитаните лица, а за Николов од СДСМ би гласале 21%.
При истражувањето се водеше сметка за демографските особености, последните вредности од одржаните избори и карактеристиките на гласачкото тело.
Анализата опфаќа повеќе делови кои ќе се објават во наредниот период. Статистичката грешка е плус-минус 2%. Резултатите од анкетата се користат за потреби и анализи на самиот институт.