вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ГРАЃАНИТЕ СЕ МАЈТАПАТ СО КАРПОШ: Општината побара да се испратат фотографии од „летна ноќ“ карпошани испраќаат од НЕработењето на Богоев

ГРАЃАНИТЕ СЕ МАЈТАПАТ СО КАРПОШ: Општината побара да се испратат фотографии од „летна ноќ“ карпошани испраќаат од НЕработењето на Богоев

Карпошани се мајтапат со општината и со градоначалникот кој според нив и нивните фотографии сведочат за неспособноста на Стефан Богоев во изминатите четири години од неговиот мандат.

Имено општината вчера вечерта објави фотографија преку која ги повика граѓаните да им испраќаат фотографии на тема летна ноќ, а за возврат најдобрите ќе се најдат во новиот број на списанието Карпош Ин.

Сепак, наместо како што очекуваше општината да добие „розови“ фотографии од паркови со цвеќиња, исчистени улици, тротоари, асфалтирани улици, посадени дрва и слично (што воопшто не постојат во Карпош) доби реални фотографии од читателите на кои се гледа неспособноста на градоначалникот на дело.

Граѓаните во коментарите не престануваат да праќаат фотографии од преполните контејнери кои среде лето шират неподнослива смрдеа и зараза, раскопаните улици, искршените бандери, неосветлените улици, узурпирањето на зелената површина како и небезбедните пешачки премини во Карпош.

Дел од граѓаните и порачаа на општината да го избрише постот бидејќи има контра ефект и дека граѓаните во коментари ги растуриле како сарма нив и градоначалникот Стефан Богоев.

 

Најнови вести