Граѓаните масовно се подготвуваат за големиот протест вечерва пред Владата, а доказ за тоа се и самите граѓани кои преку социјалните мрежи од цела Македонија испраќаат пораки до оваа ненародна власт.
На пат кон Скопје се и битолчани кои порачаа дека е премногу и дека е време за промени.
„Битола е спремна!
Масовно битолчани денес се упатија на протестот пред Влада!
Ова е заедничка битка за нашата Македонија, за твојата и иднината на твоите деца.
ПРЕМНОГУ Е! ПРОТЕСТ ЗА ПРОМЕНИ.
Заедно, здружено, одлучно, за нашата Македонија.
Почетокот на крај на понижувањето – крај распродажбата на се што е македонско, крај на економската катастрофа !
Пред Влада 20:00 часот“, стои во статусот на еден од незадоволните граѓани од Битола.
„#ПремногуЕ #ПротестЗаПромени 🇲🇰
Се гледаме пред влада‼️
Македонија е на нозе‼️
👉Протест за промени‼️“, порача друг сограѓанит од Битола.