вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Грчева: Владините преговарачи со Бугарија ќе паднат уште пониско, ќе преговаараат за многу теми за кои не треба

Грчева: Владините преговарачи со Бугарија ќе паднат уште пониско, ќе преговаараат за многу теми за кои не треба

Свикувањето на Советот за безбедност од страна на Румен Радев е небулоза. Не постои безбедносен проблем меѓу Македонија и Бугарија, рече Солза Грчева, од политичката партија Глас за Македонија на гостување во емисијата „Што не е јасно“.

Според неа, Бугарја цврсто ќе се држи до Декларацијата од нивното Собрание, осврнувајќи се и на постапките на македонската влада.

„Нашите преговарачи ќе паднат уште пониско, ќе преговаараат за многу теми за кои не треба. Кој му дал мандат на Бучковски, еден уценет човек, кој му дал мандат на Бујар Османи. Пак сме во магла како што бевме за Преспанскиот довор и тогаш Заев велеше дека има црвени линии, па ги прегази. Тие се подготвени да ги згазат црвените линии“, рече Грчева.

Бугарија не е сама во ова, вели таа, укажувајќи дека битката која Македонија ја води затоа треба да биде во Брисел, а не во Софија.

„Најмалку две третини од ЕУ е зад Бугарија, и нашата битка треба да биде во Брисел, не во Софија“, вели Грчева.

Дополнително, додава таа, се зборува за некој пакет 5 плус еден, што содржи тој пакет.

„Работите не се тераат вака. Јавноста и останатите политички фактори кои не се во Влада не се запознаени со ништо“, рече Грчева.

Најнови вести