Грците не се согласуваат со договорањето на грчкиот и македонскиот премиер, Алексис Ципрас и Зоран Заев во врска со спорот за името Македонија. Во Грција се закажани низа на протести насловени како “Македонија значи Грција”.
Според неофицијални информации термините за планираните протести се недела 4 февруари, се стартува во Атина на плоштадот Синтагма, на 18 февруари на граничниот премин Евзони, на 4 март во Серес и 18 март Комотини.
Во пресрет на митингот во недела кој ќе се одржи во Атина по повод спорот со Македонија за името, поранешниот премиер Андонис Самарас кој е во посета на областа Месинија се сретна со Киријакос Мицотакис, лидер на Нова демократија, син на поранешниот премиер Константин Мицотакис.
Во изјавата за новинарите денеска во пресрет на празникот на Ипапанти, поранешниот премиер рече:
“Денес е одличен ден за христијанскиот свет и Месинија. Неделата ќе биде голем ден за Грција”.
Инаку Кирјакос Мицотакис, лидерот на опозициската партија Неа демократија во Грција, по неодамнешната средба на Зоран Заев и Алексис Ципрас, изјави дека нема да дозволи да ги делат Грците, за да ги обединуваат Скопјаните.