четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Грците излегуваат на голем протест за името

Грците излегуваат на голем протест за името

Грците денеска ќе протестираат во Атина против Договорот од Преспа.

„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организацијата која стои зад протестите против Договорот од Преспа, ги повикува Грците попладне, во пресрет на гласањето за ратификација на Договорот, да излезат на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент и „да го изразат нивното противење за криминалот што ќе биде извршен во парламентот“ .

„Продавниците, бизнисите, училиштата да останат затворени, државните службеници да не се појават во нивните служби, грчкото знаме на пола копје да се постави на секој дом, камбаните на црквите да бијат во знак на жалост. Секој Грк и секоја Гркинка, им го должиме тоа на оние кои ги оставија нивните семејства и се жртвуваа за Македонија да остане грчка, пред околу 100 години“, велат организаторите.

Ова не е прв ваков протест. Се протестираше минатата недела, но и минатата година.

Најнови вести