Целокупната јавност беше згрозена од масакарот врз петте невини дечиња кај Смилковско Езеро кој беше извршен во 2012та година. Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ уште од 2015та година предупредуваше дека веќе докажаниот манипулатор Заев се поигрува со болката и емоциите на најблиските членови на семејствата и фамилиите на трагично убиените момчиња, но и со емоциите на јавноста, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од партијата.
-Вчера официјално обвинителката Фатиме Фетаи потврди дека Заев бесрамно ја манипулираше македонската јавност. За време на “бомбите“ Заев јавно изјавуваше во неколку наврати дека има докази со кои ќе докаже дека осудените во „Монструм“ се неправедно осудени, постојано повторувајќи дека “бомбата“ за Смилковско ќе открие нова вистина за случајот. Вистината е дека Зоран Заев овој грозоморен настан го користеше за манипулација и додворување на оваа озлогласена криманална група и нивните приврзаници за некој глас повеќе, додаваат од таму.
Од ГРОМ велат дека одговорност за играње со чувствата на семејствата на жртвите, но и со семејствата на обвинетите за лукративни и политички цели мора да има! Зоран Заев треба и мора да си поднесе оставка.