Виктор Грозданов, новинар во своето гостување во радио „Лидер“ зборуваше за влијанието односно рејтингот на Христијан Мицкоски каде посочи дека откако Мицкоски ја превзема партијата за многу брз период ВМО-ДПМНЕ доби голем рејтинг кај граѓаните.
Новинарот Грозданов посочи дека баш поради ова и тоа што се очекува ВМРО-ДПМНЕ за следни локални избори да победи во најмалку 5 скопски општини кај СДСМ има голем страв и затоа сите оние кои промовираат дека Мицкоски работи се обвинети дека шират лажни вести.
– СДСМ сака го сруши од Христијан Мицкоски затоа што им се доближи на граѓаните. Во првиот круг од претседателските избори разликата беше 4-5 илјади гласови, на парламентарните избори. А со колку победи СДСМ, со сите пари кои ги даде, со сите медиуми на крај разликата беше само два пратеника, тоа е стравот. Еве на пример ако ги земеме скопските општини најнегативно мислење има за Златко Марин, па Борче Георгиевски, па Петре Шилегов, се очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во 5 општини минимум, тоа е стравот и сега сите оние кои што промовираат дека Мицкоски работи нешто нормално вие сте обвинети дека сте пропагандна машинерија на лажни вести, рече Грозданов.